Летаа боксови во НБА: Германецот со валкан потег предизвика хаос, па си доби нокаут (Видео)

Натпреварот меѓу Детроит пистонс и Орландо меџик остана во сенка на тепачката што се случи пред крајот на првото полувреме.

Сè започна со валканиот потег на играчот на Орландо, Франц Вагнер, кој со „бодичек“ го турна Килијан Хејнс, кој падна на клупата. Тој потег ги збесна играчите на Детроит, кои веднаш скокнаа на Вагнер и сакаа да му вратат за валканиот потег, а најлут беше токму Хејс, кој возврати со свој валкан потег, го удри од зад грб.

Германецот падна како покосен на теренот, по што дотрчаа играчите на Орландо, кои сакаа да се пресметаат со кошаркарите на Детроит.

Епилогот од тепачката беше исклучување за Вагнер, Хејс и Дијало, кои ќе се најдат под истрага на НБА-лигата и сигурно ќе заработат ригорозни казни.

- Оглас -

Најнови вести