Летаа факели, камења, палки…: Фалангата и Лозари се тепаа во Штип (Видео)

Штипската „М Нет“ објави немонтиран материјал на кои се гледа како навивачите на Брегалница и Тиквеш се тепаат пред мечот што се играше во Штип.

Иако, поради пандемијата со Коронавирусот мечот се играше без публика, навивачите на двата тима се собраа и се пресретнаа на една од улиците во Штип. За брзо време се случи тепачка во која се користеа факели, шипки, камења и други опасни средства.

На крајот полицијата успеа да ја смири ситуацијата.

Од натпреварувачки аспект, мечот заврши без победник 1:1. Во останатите мечеви од Втора лига: Кораб – Велешта 0:1,Кадино – Вардари 1:1, Гостивар – Дрита 2:1, Кит Го Пехчево – Саса Каменица 0:0, Охрид – Влазерими 1:0, Победа – Кожув 1:2, Росоман – Плачковица 0:1, Слога Виница – Осогово 3:0, Тетекс – Скопје 1:2.

- Оглас -

Најнови вести