Летаа опасни голови во Памплона – Галјего го нокаутираше Леганес со последен здив (Видео)

Енрик Галјего брилјираше за Осасуна на мечот против Леганес и со два гола беше главен актер во победата на домаќините од 2:1 против претпоследниот тим во Ла Лига.

Првиот гол во десеттата минута беше страшно атрактивен со ножички, а многу поважен беше победничкиот во последен миг, во 96. минута.

https://twitter.com/GJavoini/status/1276934567241355267?s=20

Леганес успеа да израмни во 50. минута со уште еден фантастичен гол на мечот што го постигна Авилес. Резервниот играч на гостите со вистинска бомба од далечина го погоди аголот на голот што го бранеше Ерера за Осасуна.

https://www.youtube.com/watch?v=LScbbjwzNnE

Во исто време од 19.30 часот во Серија А играа Калјари и Торино, а домаќините победија со 4:2.

 

 

- Оглас -

Најнови вести