„Летаат глави“ во Хајдук, разрешени претседателот и тренерот!

Надзорниот одбор на фудбалскиот клуб Хајдук Сплит го разреши претседателот Лукша Јакобушиќ, а донесена е одлука и за смена на тренерот Мирослав Кароглан.

По серијата порази и губењето на трката за трофеите во Хрватска, во Хајдук решија да менуваат, но ова предизвика негодување кај навивачите и некои аналитичари кои сметаат дека е грешка разделбата со првиот човек Јакобушиќ, кој од октомври 2020 наваму бил една од најсилните алки на Хајдук и во клубот врати неколку легенди како Перишиќ, Калиниќ, Ливаја.

„Им благодарам на сите луѓе во клубот, на сите со коишто работев во изминатите три и пол години, а особено на навивачите за нивната љубов и страст. Како и секој хајдуковец, ги поддржувам сите одлуки во интерес на клубот“, кратко изјави Јакобушиќ на заминување.

До крајот на сезонава, екипата ќе ја води Јуре Иванковиќ, кој досега му беше помошник на Кароглан.

- Оглас -

Најнови вести