Летечки старт на ракометарите: Македонците „грмат“ во Злин, и на терен и на трибини!

Македонската машка ракометна репрезентација одлично го отвори натпреварот со Чешка на гости и тоа придонесе да имаме предност од 13-10 по првото полувреме од двомечот кој ќе го одреди патникот на Светското првенство во Полска и Шведска закажано за јануари 2023 година.

Македонските ракометари се мотивирани и од бројните навивачи кои тактички добро се распоредени во првите редови од трибините, па на моменти атмосферата во Злин е како средбата да се игра некаде во Македонија.

Филип Талески со 4 гола и Николче Митревски со 6 одбрани се најистакнати македонски поединци по првите 30 минути.

- Оглас -

Најнови вести