Летечки старт на сезоната за Јуве, Лече со пресврт го шокира Лацио (Видео)

Јувентус со победа од 3-0 на гостувањето кај Удинезе имаше супер старт на сезоната во Серија А и тимот најавува битка за титулата.

Јуве за првпат по 21 година, успеа да постигне три гола во прво полувреме во меч од првото коло во италијанската лига. Дека се расположени и мотивирани, се виде веднаш, а голот на Федерико Кјеза во втората минута најави дека Јуве ќе победи. Влаховиќ со пенал и Рабио го докусурија противникот.

Вечерва беше драматично во Лече, каде што домашните го победија Лацио со 2-1. Римските Орли поведоа во првото полувреме со 200-тиот гол во топ 5 лигите на Чиро Имобиле, негов 100-ти на гостувањата, но морнарите направија голем пресврт во финишот, и тоа за помалку од две минути. Головите со кои победи Лече паднаа во 85-тата и 87-мата минута.

Ова е голот на Кјеза за 1-0:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести