Летечки старт на Волците – За шест минути го нокаутираа Шефилд јунајтед (Видео)

Вулверхемптон најави нова добра сезона во Англија, а стартот на популарните Волци беше летечки, со два гола во првите шест минути за победа од 2:0 против Шефилд јунајтед.

Гостите набрзина ги изненадија играчите на Шефилд, а прецизни беа Раул Хименес во третата минута и Роман Сајс само 180 секунди подоцна.

Хименес, кој е најдобар стрелец на тимот, погоди мајсторски по асистенцијата на Даниел Поденс и најави победа на гостите.

https://twitter.com/FTTV10/status/1305556378375860239?s=20

Веднаш потоа збунетите домаќини беа уште еднаш во нокдаун, а ги казни Сајс во шестата минута. Педро Нето одлично со центаршут од корнер го проигра левиот бек на Вулверхемптон, а овој погоди со удар со глава за 2:0, што беше и конечен резултат.

https://twitter.com/OnlyFootballCl1/status/1305554169009524742?s=20

Шефилд јунајтед се обиде да се спаси од пораз, имаше иницијатива во второто полувреме и неколку зрели шанси, но останаа без гол и без бодови на премиерниот меч за нив во новата сезона од Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести