Летните олимписки игри ги одложија, атлетичарот сега се чуди што да прави со тетоважата

Парагвајскиот атлетичар Дерлис Ајала има неочекуван проблем и преку социјалните мрежи побара помош. За што се работи? Ајала е атлетичар кој успеа да обезбеди норма за настап на Летните олимписки игри во Токио кои требаа да се одржат ова лето.

Сепак, поради пандемијата од Коронавирусот, ЛОИ 2020 се одложени за следната година, а Ајала се најде во проблем. Парагваецот побрзал да се истетовира со знакот на ОИ и да се сеќава на настапот во Токио, но едноставно сега ја утнал годината.

На тетоважата стои Токио 2020, како што првично требаше да биде, но сега тоа ќе биде Токио 2021, па Ајала едноставно има погрешна тетоважа. Ајала се натпреварува во маратон, а настапот во Токио го обезбеди откако на маратонот во Буенос Аирес беше на петтото место. Атлетичарот веќе има еден настап на ЛОИ, пред четири години во Рио де Жанеиро заврши на 136-тото место.

За настапот во Токио сега доби дополнителна една година плус за подготовки, а негов главен проблем е како 2020 да ја замени со 2021 на тетоважата.

„Може ли некој да ми помогне да ставам 2021 година?“, напишал Ајала на инстаграм-профилот, а еден од предлозите било да стави 2020+1.

- Оглас -

Најнови вести