Летонија надополни 12 поени негатива во последната четвртина и ја победи Шпанија

Репрезентацијата на Летонија направи нова сензација на Светското кошаркарско првенство и ја совлада Шпанија со 74-69. Победата на Летонците е уште поголема ако се знае дека во самиот финиш на третиот период имаа негатива од 12 поени разлика, а последната четвртина ја започнаа со -11.

Шпанија во последниот период постигна само 11 поени, а прими неверојатни 27 и го доживеа првиот пораз на Светското првенство.

Сега ситуацијата во групата Л е комплицирана. Шпанија и Летонија имаат ефект од три победи и еден пораз, а Канада има максимални три победи, но допрва треба да игра против Бразил.

Бертанс со 16 поени беше најефикасен на мечот со 16 поени.

- Оглас -

Најнови вести