Лев бек засега го има најубавиот погодок во 27-то коло во Премиер лигата (видео)

Патрик Ван Анхолт конкурира за најдобро постигнат погодок во 27-то коло во Премиер лигата. Неговиот фантастично слободен удар пред истекот на полувремето ја донесе победата за Кристал палас со 1-0 против Њукасл.

Иако е леб бек, Холанѓанецот има прецизен удар и го покажа тоа во овој меч, затресувајќи ја мрежата на поблиската статива до голманот.

Во останатите дуели кои почнаа во 16 часот, Саутхемптон со 2-0 славеше против Астон вила, Шефилд и Брајтон ремизираа при 1-1, а Барнли беше убедлив со 3-0 против Борнмут.

https://twitter.com/VideoForza/status/1231245103559303170

- Оглас -

Најнови вести