Лев не сака многу да ризикува, нема да има летечки промени кај Германците

Јоаким Лев сепак нема да ризикува и да менува премногу, и иако се најавуваа четири промени во однос на составот со кој Германија ги победи Исланд и Романија, вечерва против Македонија ќе има само двајца нови стартери.

Марк Андре Тер Штеген ќе го замени Мануел Нојер на голот, па капитенот на Баерн Минхен ќе почека за 99 настао за националнуиот тим,. а Тимо Вернер ќе го замени во нападот, клупскиот колега од Челзи, Каи Хаверц.

Комбинацијата 4-3-3 останува омилената формација на Лев, а стандардно во одбраната ќе играат Клостерман, Џан, Ридигер и Гунтер.

Средниот ред ќе го предводи Леон Горецка, заедно со Илкај Гиндоган и Џошуа Кимих. Во нападот според најавите ќе бидат Лирој Сане, Серж Гнабри и Тимо Вернер.

Се најавуваше дека е можно Нојхаус да игра на местото на Горецка, а и за Сане се планираше да одмори, но Лев ослучи да менува само на голот и во форот.

Германија е фаворит против Македонија и е во серија од 18 меча без пораз во квалификации за Светско првенство. Непоразени се од 2001 година кога ги декласира Англија како гостин со 5:1.

- Оглас -

Најнови вести