Mалери го биеја Левандовски – Погоди статива, Гризбек му избриша чист гол, па рекордот на Герд Милер преживеа (Видео)

Роберт Левандовски немаше среќа да ја продолжи серијата од 19 меча по ред на кои постигнувал гол, а вчера не успеа да го продолжи атакот на рекордот на Герд Милер со 16 натпревари на кои во серија ја тресел мрежата на противниците во Бундеслигата.

Левандовски ја погоди стативата во 40. минута, а имаше дилеми дали е стрелец на третиот гол за Баерн во победата од 3:1 против Гројтер фурт. Сепак за негова несреќа по упатениот удар во гужвата се вмеша играчот на Гројтер, Себастијан Гризбек, па му е запишан звтогол, по што завршија двете серии на најдобриот стрелец во Европа.

Левандовски имаше серија од 19 меча во различни натпреварувања на кои барем по еднаш ја тресеше мрежата. Интересно е што при третиот гол на Баерн соиграчите му честитаа, но Левандовски знаеше дека не е стрелец, бидејќи домашниот играч Гризбек последен играше со топката и си постигна автогол.

 

 

- Оглас -

Најнови вести