Левандовски џабе ги молеше албанските навивачи да сопрат со фрлањето шишиња (Видео)

Полска со 1:0 победи на гостувањето во Тирана и со тие три бода се најде на второто место во групата со 17 бодови, два повеќе од третопласираната Албанија. Голот вреден три бода го постигна Свидерски во 77-мата минута.

Токму тој погодок беше причина за домашните навивачи да почнат да дивеат.

Полјаците се радуваа на погодокот, а од трибината каде што беа албанските навивачи започнаа да летаат пластични шишиња. Дел од шишињата ги погодија гостинските играчи, кои беа збунети од реакцијата на домашните фанови.

Капитенот на Полска, Роберт Левандовски, се обиде да ја смири целата ситуација и ги замоли албанските навивачи да не фрлаат, но залудно, па ѕвездата на Баерн Минхен мораше да се повлече за да не биде погоден со тврд предмет. Мечот беше прекинат, гостинските фудбалери заминаа во соблекувалната, но по 20-тина минути пауза, дуелот се доигра, а Полска ја задржа предноста и стигна до победата.

 

- Оглас -

Најнови вести