Левандовски прогласен за најдобар играч во Германија за 2020 година

Роберт Левандовски заслужено е прогласен за најдобар фудбалер во Германија за 2020 година. Полскиот бомбардер за првпат во кариерата го добива ова признание, откако со Баерн Минхен ја освои тројната круна изминатата сезона.

Левандовски беше неприкосновен со 55 гола на 47 меча, се истакна како најефикасен голгетер во Бундеслигата со 34 погодоци, во Лигата на шампионите со 15 гола и шест во германскиот Куп, а погоди и во Суперкупот на стартот од сезоната 2019/20.

Походот кон титулата во Бундеслигата му ја обезбеди петтата награда за најдобар стрелец во шампионатот, а при гласањето за најдобар во Германија ги победи соиграчите Томас Милер и Џошуа Кимих, освојувајќи 276 од вкупно 525 гласови.

За најдобар тренер е прогласен Ханс-Дитер Флик, кој во ноември минатата година ги презеде Баварците и ги одведе до трофеите во Бундеслигата, Лигата на шампионите и германскиот Куп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести