Леванте е „петсто-кец“ во Ла Лига

Антонио Гарсија Аранда, или попознат само како Тоњо е стрелец на петстотиот гол за Леванте во Ла Лига. Причина за прослава на голот во тој момент немаше, бидејќи Тоњо со јубилејниот погодок само намали на 3:4 против Еибар, но затоа „петстокецот“ на Борха Мајорал во последните моменти на дуелот од 12 часот денеска донесе голема радост за Барди и соиграчите.

Леванте има 11 настапи во најсилната шпанска лига, а денеска стаса до јубилејот со голот на Тоњо.

Нашиот репрезентативец Енис Барди има солидно учество со вкупно 10 голови во нецели две сезони како го носи дресот на тимот од Валенсија. Лани даде 9 гола што е супер учинок за играч од средниот ред, а во тековното првенство засега по 15 кола постигна еден погодок.

- Оглас -

Најнови вести