Леванте ги чува двете двете македонски ѕвезди – Андонова го продолжи договорот до 2021 година

Наташа Андонова го продолжи договорот со Леванте, клуб во Шпанија во кој остануваат две македонски фудбалски ѕвезди.

Нашата најдобра фудбалерка стави потпис до 2021 година, со можност да се продолжи договорот и до 2022 година и втора сезона ќе игра за дамите од Леванте.

Во истиот клуб, но во машкиот погон игра Енис Барди, кој пристигна во клубот од Валенсија во 2017 година. Андонова му се приклучи лани, откако се пресели во Леванте од редовите на Барселона.

Првенството во женска конкуренција во Шпанија е прекинато и нема да се доигра, а Леванте го освои третото место, зад шампионот Барселона и Атлетико Мадрид.

За разлика од Андонова која ќе почека за настап до почетокот на идната сезона, Барди ќе игра со Леванте во продолжението од сезоната во Шпанија.

Ла Лига ќе се рестартира на 11. јуни со дербито меѓу Севилја и Бетис, а нашиот репрезентативец очекува прв настап по три месеци пауза, следниот ден на градското дерби со Валенсија на „Месталја“.

 

 

- Оглас -

Најнови вести