Леванте сам си даваше голови, Меси ги докусури (Видео)

Со два гола на Осман Дембеле и еден на Лионел Меси, Барселона го победи Леванте со 3-0 и успеа да ја анулира негативата од 1-2 од првиот меч во шпанскиот куп.

Фаворитот обезбеди пласман во четврт-финалето на шпанскиот куп, но се чини Леванте сам се победи. Првите два гола „паднаа“ по несмасни реакции на играчите на гостинскиот тим, а Дембеле е запишан како стрелец.

https://www.dailymotion.com/video/x70ttis

https://www.dailymotion.com/video/x70ttkp

Потоа и Меси беше прецизен, па победникот и патникот во четвртфиналето беше познат по неполн час игра на „Камп ноу“.

https://www.dailymotion.com/video/x70tv66

Барди го одигра целиот меч за Леванте, откако на првиот дуел во Валенсија не беше во составот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести