Леванте со гол во 120-та минута се пласира во полуфиналето на Купот

Леванте во драматичен меч го совлада Вилјареал со 1-0 во четвртфиналето на шпанскиот куп, па Енис Барди и другарите ќе бидат дел од полуфиналето во ова натпреварување.

Македонскиот репрезентативец ги одигра сите 120 минути, а во 25-тата минута доби жолт картон. Кога се мислеше дека нема да падне гол ниту по продолженијата, Моралес и Роџер Марти направија акција по која топката заврши во голот на Жолтата подморница. Леванте е вториот полуфиналист по Севилја. За останатите две места се борат Гранада, Барселона, Бетис и Атлетик Билбао.

- Оглас -

Најнови вести