Леванте со крпен состав на поправен против Барселона

Последните три напревари од првата рунда во осминафиналето на Копа дел Реј се најинтересните фудбалски настани денеска, а заедно со нив во фудбалската понуда во обложувалниците на Sport Life има дуели од Aзискиот куп, еден меч од Португалија и доста пријателски натпревари.

За стандардната дневна понуда од пет натпревари се одлучивме да ви понудиме анализа и предлог-типови од трите мечеви од шпанскиот куп, еден од португалското првенство и еден од азискиот куп.

Индија – Обединети Арапски Емирати (17 часот)

Ова е клучниот меч во групата A, каде штo домаќинот ОАР е фаворит против Индија, но ќе го има и притискот како дополнителен товар. Премиерата против Бахреин пред рекордни 33 илјади гледачи беше со половичен успех за домаќините и организатори на Азискиот куп. Од нив се очекува да се вклучат во битката за трофејот, но Индија со убедлива победа против Тајланд покажа дека ќе биде тврд орев за сите противници.

Алберто Закерони ќе мора да најде победнички рецепт за селекцијата на Емиратите, но најголем проблем му е неефикасноста. На последните шест натпревари само еднаш успеаја да постигнат два гола на меч, сè останато беше мачење во нападот. Индија почна со мини-сензација и убедлив триумф против Тајланд со 4-1, фудбалот во оваа земја напредува и не се без шанси и денеска против домаќинот.

Предлог тип: ГГ (2.12)

 

Атлетик Билбао – Севилја (19.30 часот)

На последните три меѓусебни дуели гостинските екипи не успеваа да постигнат гол, што е невообичаено за два состави кои практикуваат офанзивен стил на фудбал. Двапати Севилја како домаќин не му дозволи на тимот од Билбао да им ја затресе мрежата на „Санчес Писхуан“, а и Севилја не успеа да го погоди голот на Атлетик на последното гостување на „Сан Мамеш“.

Сепак, денеска се игра првиот меч од осминафиналето на Копа дел Реј и нема толкав притосок, како што вообиечано постои на натпреварите од шпанското првенство.

Атлетик нема пораз од Севилја на домашен терен од 2016 година, но според формата, можно е денеска гостите да ја прекинат серијата од три гостувања во Билбао без победа.

Предлог тип: 1+I и 1+II (1.90) Квота на денот

 

Бетис – Реал Сосиедад (20.30 часот)

Двете екипи по двапати го имаат кренато пехарот во Копа дел Реј и имаат амбиции за нов успешен поход до завршницата. Конкуренцијата е голема, во игра за трофејот се и Реал, Барселона и Атлетико Мадрид, но во Шпанија сè е можно. Бетис има два меча без победа и незгоден пораз од фенерџијата Уеска во последното коло во Ла Лига.

Во сосема спротивно расположение, на „Бенито Вилјамарин“ вечерва ќе истрчаат гостите од Баскија. Реал Сосиедад приреди сензација и го победи Реал во Мадрид, ја прекина серијата од четири порази, која почна токму од тука, во дуелот со Бетис во шпанското првенство на втори декември. Бетис тогаш победи со 1-0 и има четири меча во серија без пораз на домашен терен. Реал Сосиедад игра подобро на гостински терен отколку дома, па реално е да има голови вечерва во Севилја.

Предлог тип: ГГ (1.88)

 

Портимоненсе – Брага (21.15 часот)

Во Портимао тешко се победува, а тоа најдобро го почувствува португалскиот гигант Бенфика, која загуби со 2-0 пред две кола. Брага е во одлилна форма, се проби до втората позиција во домашниот шампионат и е незгоден ривал за Портимоненсе. Ги доби двата последни дуели како гостин и вечерва е фаворит за победа, со која би се зацврстиле на втората позиција зад лидерот Порто. Портимоненсе може да постигне гол, но Брага е поблиску до победа.

Предлог тип: X2&ГГ (2.20) Квота на денот

 

Леванте – Барселона (21.30)

Тренерот на Леванте, Пако Лопес не сака да ризикува повреда на дел од клучните играчи против ривал од кој загубија неодамна со 0-5, па триото Барди, Пјер и Марти добија слободен ден и нема да играат денеска на првиот осминафинален меч против Барса.

Леванте е само на шест бода од опасната зона и очекувано е Лопес малку и да калкулира со составот. Ждрепката беше немилосрдна за тимот од Валенсија, а Барселона покажа дека во моментов е пресилна за Леванте. И според тоа како играат, Каталонците се први фаворити и за рекордната 31-ва титула во Копа дел Реј.

Предлог тип: 2&3-5 (2.40) Квота на денот

 

- Оглас -

Најнови вести