Дерби дуелот од германската Бундеслига помеѓу Баерн Минхен и Баер Леверкузен заврши 1-1.
Освен што за првпат сезонава не победија, лоша вест за Баварците е што во финишот останаа и без првиот стрелец Хари Кејн, кој се повреди и мораше да го напушти теренот.
Гостите поведоа со гол на Андрих во 31-ва минута, а осум минути подоцна одговори Павловиќ со феноменален погодок. Погледнете го голот на српскиот Германец:
Pavlovic equalize for Bayern 😱😱😱
Bayern 1-1 Leverkusen#FCBB04
— The Bernabeu Post (@VivekP06196) September 28, 2024