Левски слави роденден, а ЦСКА и Лудогорец се борат за титула

Завршницата во бугарското првенство нуди голема драма, бидејќи во пресрет на последното коло кое се игра вечерва, лидерот Лудогорец има само еден бод повеќе од софиска ЦСКА.

Тимот од Разград игра дома со Черно море, и нема да му биде лесно, бидејќи загуби на гостувањето кај „морнарите“ на 26 април. Кикс на Лудогорец чека ЦСКА. „Червените“ го пречекуваат Ботев Пловдив кој е нивната „црна мачка“ сезонава, бидејќи од нив загубија и во првенството на 26 април, како и во Купот на Бугарија. Дојде време за наплата на долговите, но на ЦСКА и треба и помош од Черно море.

Лудогорец зависи самиот од себеси дали ќе освои нова титула. Фановите на ЦСКА посакуваат нова титула и славје токму на датумот на кој пред 105 години е формиран нивниот вечен ривал Левски.

- Оглас -

Најнови вести