Лежерно ја насмеа публиката – Алисон опасно имитира, ги дочека своите пет минути и му фати сеир на Пикфорд (Видео)

Алисон Бекер славеше победа со Ливерпул против Евертон од 2:0 во големото градско дерби, а на крајот лежерно му фати сеир на противничкиот голман Џордан Пикфорд.

Голманот на Ливерпул во судиското продолжение по ударот на Ришарлисон што лесно го одбрани си легна на тревата и го имитираше Пикфорд.

Репрезентативецот на Англија, Џордан Пикфорд неколкупати во текот на мечот на ист начин задржуваше време во екот на тотална доминација на Ливерпул, но не успеа да се спаси од пораз со Евертон, што е многу опасен и може да го доведе познатиот тим и до испаѓање од Премиерлигата.

Pickford attempt at time wasting 45+2′ from soccer

Потегот на Алисон во првата минута од судиското продолжение и имитацијата на нашинот на кој често Пикфорд задржуваше време можете да го погледнете ОВДЕ.

Ливерпул победи со головите на Енди Робертсон и Дивок Ориги во второто полуврене и остана во трката за титулата со Манчестер сити со бод помалку зад лидерот и актуелен првак на Англија.

Евертон падна во зоната за испаѓање и сега е на 18-то место со 29 бода.

- Оглас -

Најнови вести