ЛГБТ заедницата во Бразил влезе во „војна“ со Нејмар

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар си го навлече на себе гневот на ЛГБТ активистите во родната земја. Повод е случката во која мајка му Надин се скара со 30 години помладиот бисексуален љубовник Тијаго Рамос и како резултат на скандалот, младот Тијаго заврши во болница со рани по рацете. Нејмар го коментирал случајот со свои пријатели, а аудиозапис од разговорот се најде во медиумите.

На снимкиата се слуша како Нејмар го нарекува Тијаго „педер”, поточно го користи изразот „viadinho”, кој на португалски јазик се користи навредливо обраќање кон геј лицата.

Еден од пријателите на Нејмар со кои тој разговарал рекол дека ако бил на местото на фудбалерот, би го убил Тијаго, но Нејмар повеќе е за друга варијанта: да стави дршка од метла во задникот на момчето на мајка му.

Геј активистот Агрипињо Магалеш изнајмил адвокат кој ќе покрене обвинение за хомофобија против Нејмар.

- Оглас -

Најнови вести