Лидерот од Неапол гази сè пред себе, стигна со десетка без примен гол на последните три меча во Серија А (Видео)

Наполи гази безмилосно во Серија А и ја забележа и шестата победа во првите шест кола во новата сезона. Екипата за која од 69-тата минута настапи и Елиф Елмас, вечерва го победи Калјари со 2:0 и се врати на врвот на табелата со 18 бода.

До максимален учинок во шест кола Наполитанците стигнаа со головите на Виктор Осимен во 11-тата минута и на Лоренцо Инсиње од пенал во 57-мата минута.

Наполи нема примено гол на последните три меча во Серија А и гол-разликата им е 10:0 во тој период, или вкупно 16:2 во првите шест кола.

Следен предизвик за лидерот ќе биде гостувањето во Фиренца, каде што ќе се обиде да стигне до седмица во дуелот против Фиорентина, закажан за 3 октомври.

- Оглас -

Најнови вести