Лидерот падна во „Јане Сандански“ по двочасовна битка

МЗТ Скопје Аеродром го победи Пелистер со 84-81 во дербито и заостанат меч во македонската кошаркарска Прва лига. Металците кои играа без Дамјан Стојановски и Андреј Магдевски беа подобри во првото полувреме, но биточлчани одиграа добра трета четвртина, па во финишот имаше голема неизвесност.

Бакоч со тројка на 6 секунди до крајот го даде клучниот кош, а откако гостите реализираа две слободни, точка стави Мекиќ со едно слободно фрлање на три секунди до крајот. Кај Пелистер го немаше Бојан Трајковски, па доминираа Малешевиќ и Кесар со по 23 поени. Кај МЗТ најефикасни беа Крстевски и Тарнер со по 17 поени, Мекиќ даде 14, Олуџоби 12.

И МЗТ и Пелистер имаат по пет порази сезонава, но пелистерци имаат 15, а Штрковите 10 победи и МЗТ ќе треба да ги добие сите заостанати пет меча за да се изедначи со лидерот.

- Оглас -

Најнови вести