Лидс добива екстра засилување за премиерниот дуел против англискиот шампион

Новиот премиерлигаш не се шегува кога се во прашање засилувања со кои ќе се цели високо во новата сезона од англискиот шампионат. Лидс ги договори условите со Валенсија околу потписот на шпанскиот напаѓач Родриго, тимот на Езѓан Алиоски ќе потроши 30 милиони евра за да добие екстра засилување.

Клубот веќе закажа медицински прегледи за шпанскиот репрезентативец откако преговорите се завршија за краток период. Валенсија му ги отвора вратите за излез на третиот важен играч, егзодусот почна со продажба на капитенот Дани Парехо и Франсис Кокелен. Родриго е еден од најплатените играчи во екипата и ваков потег се очекуваше од страна на Лилјаците, како обид да се стабилизираат финансиите во клубот.

Марсело Бјелса, пак, може да е задоволен што познато име на меѓународната сцена ќе игра под негово крило. Искустовото на Родриго е гаранција дека ќе придонесе за Лидс да го задржи премиерлигашкиот статус, мисија која започнува со гостување кај англискиот првак Ливерпул на 12 септември.

 

- Оглас -

Најнови вести