Лидс е главен во Јоркшир! (Видео)

Лидс го доби јоркширското дерби против Шефилд јунајтед, со гол на Патрик Бамфорд во 88-ма минута. Овие два соседски клуба 24 години немаа играно меѓусебе во премиерлигашки меч, па бодовите се многу важни во ова соседско дерби.

Езџан Алиоски влезе во игра во 90-та минута и играше само во судиското продолжение. Шефилд по три кола, уште нема дадено гол и ги загуби сите натпревари. Бамфорд е прв поединец во историјата на Лидс кој има дадено три гола на првите три меча во Премиерлигата.

https://twitter.com/i/status/1310199547600265216

- Оглас -

Најнови вести