Лидс е како Реал Мадрид, ги замолија навивачите да не прават шампионска прослава

Андреа Радрицани, сопственикот на Лидс, со соопштение до навивачите упати молба да нема масовни собири и прослава на пласманот на клубот во Премиер лигата кога и да се случи.

Лидс веќе денеска со победа против Барнсли ќе дојде на посакуваната дистанца од шест бода во однос на Брентфорд на две кола до крајот и потоа ќе му треба само еден бод за печат на премиерлигашкиот статус.

Радрицани им се заблагодари на симпатизерите на Лидс, клубот за којшто игра и нашиот репрезентативец Езџан Алиоски, но побара да се одложи прославата на улиците на градот поради опасноста од ширење на зараза со опасниот вирус ковид-19.

Претходно слично постапи и Реал Мадрид со молба навивачите да не се собираат масовно за да ја прославата титулата што Кралскиот клуб може да ја освои вечерва со победа против Вилјареал на „Алфредо ди Стефано“.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести