Лидс конечно победи во Лондон

Лидс славеше на гостувањето кај Фулам со 2-1, и со тоа екипата за која цел меч одигра македонскиот лев бек Езџан Алиоски, се израдува на својата прва победа на гости во Лондон во сите натпреварувања, уште од декември 2017 наваму. Имаа серија од 16 меча без триумф во главниот град.

Головите за Лидс ги постигнаа Патрик Бамфорд и Рафиња. Бамфорд сезонава има 9 гола и четири асистенции на мечевите на гостински терен, и заедно со Бруно Фернандеш од Манчестер јунајтед со директна вклученост во 13 голови се најопасните гости во Премиерлигата. Бамфорд има четири гола на четири дуели против Фулам.

Со оваа седма гостинска победа сезонава, Лидс сега има комотни 13 бода повеќе од Фулам кој е трети од долу на табелата. Од друга страна, потајно може да размислуваат и на Европа, Лидс има девет бода помалку од петтиот Вест Хем.

- Оглас -

Најнови вести