Лидс може да ѝ направи проблеми на португалската колонија

1004 Лидс јунајтед – Вулверхемптон (21ч)

За комплетирање на петтото коло во Премиер лигата, нè очекува возбудлив дуел на „Еланд роуд“ меѓу Лидс и Вулверхемптон, кој речиси сигурно може да биде неизвесен до самиот крај.

Волците паметат три победи во низа против Лидс во рамките од втората лига на Англија, но тимот на Марсело Бјелса дефинитивно може да ѝ создаде проблеми на португалската колонија. Пред да почне победничката низа на Вулвс, Лидс исто така триумфираше во три последователни средби, а само во два од овие шест меча немало повеќе од еден погодок.

Наместо да се брка победник, најдобро е да се типува паметно дека ќе се тресат мрежите на двете страни, и тоа повеќекратно.

Предлог тип: ГГ3+ (2.40)

 

1009 ВБА – Барнли (18:30ч)

Вест Бромич беше проблематичен за Барнли пред последниот меѓусебен дуел од сезоната 2017/18, во која ВБА испадна од елитата. Барнли со резултат од 2-1 на гости прекина низа од пет меча без победа против оваа екипа, па сега има мисија да го повтори учинокот со цел да дојде до првата победа сезонава.

ВБА и Барнли се меѓу најлошите екипи во ПЛ во моментов. Домаќините имаат еден освоен бод од четири меча, Барнли бележи три порази по ред. Тоа подразбира жестока битка која може да биде решена со еден до два погодоци.

Предлог тип: 0-1I & 0-2II (1.58)

 

3001 Верона – Џенова (20:45ч)

Роландо Маран ќе се снаоѓа да скрпи тим за вечерашното гостување кај Верона, кој ќе биде прв меч за Џенова откако корона-вирусот ја зафати екипата и зарази дури 22-ца членови. Ќе се види дали Пандев ќе може да игра или пак уште е во карантин според протоколот по враќањето од репрезентативните обврски.

Дел од играчите го прележаа вирусот, но тешко дека се подготвени да издржат цел натпревар, со оглед на тоа дека имаа минимални вежби колку да ја одржат кондицијата додека беа во самоизолација. И Верона се соочува со отсуство на бројни првотимци, меѓу кои и ексиграчот на Џенова, Мигел Велосо.

Џенова памети само една победа на гости кај Верона од 1990 година па наваму, остварена пред три години со минимални 1-0 со погодокот на Гранде Пандев. Дали може да се повтори историјата, ќе се види вечерва.

Предлог тип: 1+I & 1+II (1.72)

 

1541 Боависта – Гимараиш (21:15ч)

Боависта уште трага по првата победа во Примеира, а се чини дека нема да ја дочека и во дуелот против Гимараиш. Екипата од Порто се мачи во средбите против Гимараиш и успеа да го добие само последнниот од изминатите пет меѓусебни меча.

Три гола се просек во дуелите кои Боависта ги одигра досега, додека пак Гимараиш во три натпревари забележа по еден даден и еден примен погодок. Затоа не очекувајте голеада вечерва.

Предлог тип: 1-2 гола (1.95)

 

1959 Галатасарај – Аланијаспор (19ч)

Галатасарај ќе има тешка задача да се врати во победнички ритам по двата кикса, со оглед на тоа дека ќе ги одмери силите против досега непоразениот состав на Аланијаспор. Турскиот гигант веќе два меча е без забележан погодок во противничката мрежа, па затоа следуваа ремито во дербито против Фенербахче, односно минималниот пораз од Касимпаша.

За Галата е добро што има максимален учинок во пет последователни средби против Аланија на домашен терен, низа која треба да се одржи за приклучок на водечките екипи во турскиот шампионат.

Предлог тип: 1 (2.03)

- Оглас -

Најнови вести