Лидс не му направи услуга на Ливерпул, Сити првпат годинава врза три победи по ред

Манчестер сити без поголеми проблеми го победи Лидс со 4-0, и се врати на прво место на премиерлигашката табела, со еден бод предност во однос на Ливерпул, а до крајот на сезоната останаа уште четири кола.

Головите ги дадоа Родри, Аке, Жезус и Фернандињо. Холанѓанецот Аке има три гола сезонава, од кои два се против Лидс, а едниот против Лајпциг кога тој го водеше Џеси Марш, актуелниот тренер на Лидс. Габриел Жезус има шест гола на последните четири меча во Премиерлигата.

Граѓаните за првпат после 40 години успеаја во уста сезона двапати да го победат Лидс. Сити првпат во календарската 2022 година успеа да победи на три премиерлигашки натпревари по ред, а како што стојат работите, ќе им треба серија од седум победи во низа за титула.

Лидс сезонава прими вкупно 20 голови од двата манчестерски клубови (11 од Сити и 9 од Јунајтед), и тоа е нов негативен рекорд во Премиерлигата.

- Оглас -

Најнови вести