Лидс пак ќе урива клупски рекорд за да купи соиграч на Несторовски

Лидс јунајтед вчера го официјализираше ангажманот на Родриго Морено за сума од 27 милиони фунти, што е клупски рекорд за новиот премиерлигаш. Меѓутоа, управата не застанува таму и сака да му обезбеди уште едно квалитетно засилување на менаџерот Марсело Бјелса, а доколку се оствари повторно ќе се урне клупскиот рекорд.

Имено, Лидс ги започна преговорите со Удинезе околу потписот на капитенот на Зебрите, Родриго Де Паул. За аргентинскиот репрезентативец и соиграч на нашиот Илија Несторовски, Лидс нуди до 31 милион фунти.

Со овој обид да се ангажира одличниот офанзивец на Удинезе се потврдуваат амбициите на Лидс во пресрет на новата сезона во Премиер лигата, каде што се вратија по цели 16 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести