Лидс со еден од најискусните тренери ќе бара спас од испаѓање

Англискиот премиерлигаш Лидс го назначи Сем Алардајс за нов тренер, кој доаѓа на местото на избрканиот Хави Гарсија. Договорот со Алардајс е до крајот на сезоната, односно во последните четири кола, во кои ќе бидат домаќини на Њукасл и Тотенхем, а на гости ќе играат против Манчестер сити и Вест хем.

Лидс моментно има 30 бода и е на 17-тото место, последно кое води кон спас од испаѓање. Сепак, трката за спас ќе биде неизвесна затоа што 30 бода има и Лестер, кој е на 16-тото место, но и Нотингам форест, кој е во опасната зона на 18-тото место. Тимот на Евертон, кој е претпоследен на табелата, има 29 бода.

Алардајс, кој има 68 години и е со огромно искуство, познат е како стратег кој знае како да се избори неговиот тим да не испадне. Тој успеал од испаѓање да ги спаси Блекбурн (сезона 2007/08), Сандерленд (2015/16), Кристал палас (2016/17) и Евертон (2017/18). Единствено кога не успеа да го спаси својот клуб од испаѓање е Вест Бромич албион во сезоната 2020/21.

- Оглас -

Најнови вести