Лига куп на Англија: Сити ја започна одбраната на трофејот, Тотенхем елиминиран од нисколигаш

Манчестер сити одбраната на трофејот во Лига купот на Англија, или според спонзорското име Карабао куп, ја започна со сигурен триумф од 3-0 на гостувањето кај нисколигашот Престон.

Комбинираниот состав на Гвардиола предводен од напаѓачкото трио Стерлинг – Жесус – Бернардо немаше проблеми да дојде до посакуваниот резултат, па уште во првиот дел ги реализираа трите погодоци. Стерлинг отвори во 19-тата минута, а по голот на Бразилецот, домаќините си постигнаа и автогол пред паузата за конечни 3-0.

Со идентични 4-0 славеа Арсенал, Лестер и Саутхемптон против Нотингам форест, Лутон, односно Портсмут, тимот на Евертон со 2-0 славеше против Шефилд вензди, додека Ватфорд го елиминираше Свонси со конечни 2-1.

Тотенхем не можеше да го надигра Колчестер и покрај доминацијата во 90 минути, па нисколигашот со 4-3 во пенал рулетот ги елиминира Петлите на Покетино.

- Оглас -

Најнови вести