Лигата на шампионите 15 години не памети вакво нешто

Јирген Клоп, Ернесто Валверде, Ерик тен Хаг и Маурисио Покетино се четворицата тренер кои останаа во игра за трофејот во Лигата на шампионите, а кој и да биде првак на 1 јуни, тоа ќе му биде прва европска титула во кариерата.

Досега најблиску до таков успех беше Германецот Клоп, кој во минатата сезона со Ливерпул дотурка до финалето, но беше поразен, исто како и во 2013 година, кога со Борусија Дортмунд загуби од Баерн Минхен. Дали годинава ќе биде трета среќа и сепак ќе го крене пехарот, останува да се види. Валверде од Барселона, Тен Хаг од Ајакс и Покетино од Тотенхем досега немаат ниту финале.

Во ЛШ цели 15 години поминаа откако имаше иста ваква ситуација, во полуфиналето никој од четворицата тренери да нема титула во ова натпреварување. Тогаш полуфиналисти беа Порто со Жозе Мурињо (тогаш дојде до својата прва титула), Депортиво Ла Коруња со Хавиер Ирурета, Монако на Дидие Дешамп и Челзи со Клаудио Раниери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести