Така се работи: За три години ќари 130 милиони евра од двајца фудбалери и за џабе го донесе играчот кој им ја донесе титулата

Победа на фудбалот над парите, може да се каже титулата која Лил ја освои во француското првенство. Лил кој пред неколку години се бореше да не испадне од елитното друштво, сезонава одигра блескаво и на крајот шампионскиот трофеј заслужено дојде во витрините на овој клуб кој според буџетот никако не можеше да му парира на ПСЖ.

За тоа како Лил работеше во изминативе три сезони покажува еден интересен пример. Во 2019 година Лил за 80 милиони евра го продаде Николас Пепе во Арсенал. Тоа е најскап трансфер во историјата на Топчиите. Во Лил како замена за Пепе пристигна Виктор Осимхен за само 22,4 милиони евра. По само една сезона, Осимхен беше продаден во Наполи и тоа за сума од 70 милиони евра, што исто така е клупски рекорд за еден трансфер на италијанскиот тим.

Како нов напаѓач беше донесен Бурак Јилмаз и тоа како слободен играч. Турскиот репрезентативец блесна на 35-годишна возраст и сезоната ја заврши со 16 погодоци и пет асистенции, со што се покажа како главна алка во шампионскиот тим на Лил.

Едноставно Лил покажа како се менаџира со фудбалерите и за три сезони заработи 130 милиони евра од само двајца играчи, а потоа бесплатно доведе фудбалер кој се покажа како херој во освојувањето на титулата, оставјаќи ги зад себе милионските ѕвезди на ПСЖ.

 

- Оглас -

Најнови вести