Лил оди кон титула, на ПСЖ ќе му треба чудо (Видео)

Лил води со 1-0 на гостувањето кај Анже, и се наоѓа на 70 минути од прва титула во француската лига после цела деценија пауза. Шанса за титула има и ПСЖ, но на Светците освен победа над Брест, им треба и кикс на Лил, нешто што засега не се случува. Канаѓанецот Џонатан Давид ја искористи убавата асистенција на Ренато Санчес, и ја затресе мрежата на домашните.

Нејмар утна пенал, па ПСЖ уште не води кај Брест, но и да поведе, титулата може да им ја донесе само пресврт на Анже.

https://twitter.com/i/status/1396544957754785801

- Оглас -

Најнови вести