Лил оди по прва победа, Наполи фаворит против Џенова

1010 Вулверхемптон – Манчестер јунајтед (17.30 часот)

Волците сезонава ја почнаа со два порази од по 0-1, додека Црвените ѓаволи во двата настапи постигнаа шест гола и освоија четири бода. Солскјер нема да смета на супер засилувањето Роналдо, како и на Рашфорд, Мектоминеј, неизвесен е Кавани, но сепак гостите важат за фаворити на хартија. И традицијата е на страна на Јунајтед. Вулфс не славел против Манчестер на последните шест соочувања во сите натпреварувања. Традицијата најавува и меч со не повеќе од три гола.

Предлог тип: 2-4 гола (1.52)

 

3008 Џенова – Наполи (18.30 часот)

Џенова со Пандев во тимот во сите 90 минути, тргна со убедлив пораз од Интер, а Наполи ја совлада Венеција во меч на кој Елмас даде гол. Овојпат Македонците ќе се сретнат еден против друг, а Наполи ако сака да покаже дека е тим кој има амбиција да се бори и за титула, мора да ги добива ваквите натпревари. Осимен и Мертенс нема да играат за Наполи. Домашниот терен е плусот за Пандев и другарите. Ова се екипи кои ретко играат нерешено. На последните две гостувања кај Џенова, наполитанците по еднаш загубија и победија со по 2-1 (лани Пандев даде два гола во победата од 2-1).

Предлог тип: Х2 & 1-3 (1.89)

 

1809 Волфсбург – Лајпциг (17.30 часот)

Волфсбург освои максимални шест бода во првите две кола од Бундеслигата, додека Лајпциг беше половичен и има три бода на контото. Двата тима имаат голем број повредени играчи. На последните два меѓусебни дуели на овие екипи во Волфсбург, беше нерешено. Лајпциг од октомври 2016 година не победил на овој стадион на лигашки меч, но и домашните ретко победувале. Црвените бикови не се многу опасни гости, треба да докажат дека не е баш така.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.15)

 

1310 Атлетико Мадрид – Вилјареал (22.00 часот)

Вилјареал после два кола има гол-разлика 0-0, а би биле задоволни ако повторно извлечат бод без да дадат и примат гол како што беше во минатата сезона. Атлетико тргна со две минимални победи, би можеле повторно да го повторат сценариото. Чуквуезе и Парехо ги нема кај Жолтата подморница, и тоа е хендикеп за нив. Последната победа на Вилјареал на гости беше во мај, а Атлетико дома не загубил од февруари. Вилјареал 10 сезони нема дадено повеќе од еден гол на гостување кај Јорганџиите.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.40)

 

1709 Лил – Монпелје (17.00 часот)

Актуелниот француски првак Лил, уште нема победа иако поминаа три кола. На листата на повредени им е само Португалецот Ренато Санчес, проблемот на Лил изгледа е нешто друго. Монпелје е во променлива форма, има по една победа, пораз и реми. Монпелје цела деценија не победил во Лил, а традицијата на меѓусебните дуели играни во Лил најавува дека домашните ќе победат и вечерва, но не многу убедливо.

Предлог тип: 1 (1.70)

- Оглас -

Најнови вести