Лилард е незапирлив – Со тројка од 9 метри ја елиминираше Оклахома (видео)

Портланд трејлблејзерс ја доби петтата пресметка против Оклахома сити тандер со 118:115, за конечни 4-1 во оваа серија и крај за поранешниот конференциски финалист во плејофот. Неприкосновениот Демиен Лилард направи шоу во „Мода центарот“ – погоди тројка за победа во последните секунди речиси од пола терен, а со тој кош запиша вкупно 50 поени на средбата, што е рекорд за него во разигрувањата.

За победата покрај Лилард, придонесе и Кантер со двоен учинок од 13 поени и исто толку скока, додека Мекколум и Харклис додадоа по 17 поени.

Во следната рунда Портланд го чека подобриот од серијата меѓу Денвер нагетс и Сан Антонио спарс, а Денвер ноќеска поведе со 3-2 по победата на домашен терен при конечни 108:90.

Торонто репторс го елиминираше тимот на Орландо меџик со конечни 4-1 во серијата, по победата од 115:96. По добиениот прв натпревар, Орландо ги загуби наредните четири и ниту еднаш не дојде до ситуација да изненади. Ленард со 27 и Сијакам со 24 поени го предводеа Торонто, додека главните адути на „магичните“ имаа скомен учинок. Вучевиќ реализираше само 6 поени, а Огустин со 15 поени се истакна како најефикасен.

https://www.youtube.com/watch?v=TEwCRE0QHC8

Со идентични 4-1 во серија, Филаделфија го елиминираше Брунлин нетс, a Сиксерс ноќеска славеа со 122:100. Исто како и Торонто, Филаделфија го загуби првиот меч, потоа триумфираше во наредните четири, па сега овие две екипи ќе се пресметаат во конферениското полуфинале на Истокот.

Ембид со двоен учинок од 23 поени и 13 скока ја предводеше Филаделфија до победата, додека од редовите на Бруклин како најефиксен се истакна Холис-Џеферсон со 21 поен.

https://www.youtube.com/watch?v=M_dNgoGYWUM

 

- Оглас -

Најнови вести