Лилард направи нешто што е видено само двапати во историјата на НБА (Видео)

Бекот на Портланд трејлблејзерс, Демиен Лилард, ја одбележа ноќта во НБА со постигнување кое е видено само уште еднаш во историјата на лигата. Тој стана вториот после Стеф Кари со двоцифрен број на тројки и асистенции на еден меч. Лилард во победата на Портланд над Денвер придонесе со 45 поени и 12 асистенции. Имаше феноменална шутерска вечер и погоди 11 тројки од 18 обиди. Блејзерс е деветти на Западот, со минимално заостанување зад осмиот Мемфис.

Милвоки бакс го победи Мајами хит со 130-116, со што Елените си го обезбедија првото место на Истокот. На овој меч, Жешките имаа позитива од 63-40 во втората четвртина, но Бакс во второто полувреме многу ја подобри одбраната, и направи голем пресврт. Јанис Адетокумбо заврши со 33 поени.

ЛА клиперс го победи Далас маверикс со 126-111, а еден од јунаците на домашните беше Хрватот Ивица Зубац кој иако беше трети стрелец во тимот, постави клупски рекорд од 10 погодени шутеви од поле без утка. Тој доминираше во рекетот и со 15 скока.

Ослабениот Лејкерс немаше шанса против Хјустон. Ракетите славеа со 113-97 во меч на кој Џејмс Харден даде 39 поени, а Леброн Џејмс го немаше кај Езерџиите.

Ова се сите 11 тројки на Лилард:

https://twitter.com/i/status/1291568377371283457

- Оглас -

Најнови вести