Без Кралот Џејмс, Веѓата и Вестбрук, Лејкерс се просечна екипа, Феникс ги декласира со 26 поени разлика (Видео)

Нов дебакл доживеа 17-кратниот НБА-првак Лос Анџелес лејкерс и загуби со 26 поени разлика, 130:104 на гостувањето кај Феникс.

Тимот што е рекoрдер заедно со Бостон селтикс според бројот на титули во НБА-лигата уште еднаш покажа дека е само просечен тим без двете големи ѕвезди, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, кои не играа.

Отсутен беше и Расел Вестбрук, па на Езерџиите им се случи голем дебакл. Шрудер беше единствена светла точка кај гостите од Ел-Еј со 30 поени, а кај домаќините во отсуство на Девин Букер блескаше Крис Пол со 28 поени.

Голема битка во Њу Орлеанс биеја Пеликаните и Милвоки бакс, а брилијантна ноќ имаа Јанис Адетокумбо со 42 поени и 10 скока и Јонас Валанчиунас со 37 поени и 18 скока.

На победа од 128:119 се радуваа Јанис и неговите соиграчи од Милвоки.

Демиен Лилард со постигнати вкупно 18.048 поени стана рекордер на Портланд и го мина Клајд Дрекслер на вечната клупска листа, но неговиот тим на драматичен начин загуби од Оклахома сити тандер со 123:121.

Шај Гилџиус-Александер погоди со звукот на сирената за победа на Оклахома со два поени разлика.

Натурализираниот полски репрезентативец Џереми Сокан одигра солиден меч за Сан Антонио во победата од 124:105 против Хјустон на гости, постигна 12 поени со 7 скока и презентираше како се изведува  слободно фрлање со една рака.

Сокан, кој има само 19 години, рутински погоди само со десната рака и шутот изгледа многу интересно.

https://twitter.com/ESPNNBA/status/1605018413792784384?s=20&t=eM45PxBdcLTc85AeLrZ3yg

- Оглас -

Најнови вести