Лилјаците од Валенсија дадоа гол за 29 секунди, па се мачеа два часа со шпански четвртолигаш (Видео)

Валенсија со многу мака се пласира во 1/16-финалето во шпанскиот куп, а мораше да игра цели 120 минути за да го елиминира четвртолигашот Арентиеро.

Клубот од Галиција одлично се држеше во регуларниот дел, што заврши нерешено 1:1, со два гола во првите 8 минути.

Јунус Мусах со гол само по 29 секунди игра ѝ донесе предност на Валенсија, а израмни Магисано во осмата минута и потоа мрежите мируваа сè до 100-тата минута.

Уго Гилјамон во десеттата минута од првото продолжение погоди за предност на прволигашот, а Валјехо во финишот на второто продолжение со нов гол за гостите ја потврди победата на Валенсија и пласманот во следната рунда во Копа дел Реј.

 

 

- Оглас -

Најнови вести