Лина Ѓорческа освои турнир во Белорусија во дубл

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа, во јуни има освоено два турнири во двојки. Откако неодамна триумфираше на турнир во Германија, сега Лина славеше и во Минск, на турнир со награден фонд од 25.000 долари.

Ѓорческа со главниот град на Белорусија играше во тандем со Русинката Анастасија Комардина, со која во финалето, ги совладаа Белорусинките Илона Кремен и Ирина Шиманович (втори носителки) со 6-7, 6-4, 10-8.

Во сингл, Лина загуби во првото коло, па сите сили ги насочи во игра на двојки, каде со својата партнерка успеаја да го кренат победничкиот трофеј.

- Оглас -

Најнови вести