Лина Ѓорческа поразена од ќерката на Предраг Даниловиќ

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, не успеа да приреди изненадување во првото коло на турнирот во германскиот град Хехинген, и беше елиминирана од Србинката Олга Даниловиќ. Олга е една од најталентираните српски тенисерки и ќерка на прославениот кошаркар Предраг Даниловиќ.

Даниловиќ победи против Ѓорческа со 6-3, 6-2. Лина во моментов е на 391-вото место на ВТА листата, а Олга е многу понапред, на 277-мо место, па според тоа и резултатот е реален, иако македонските љубители на тенисот потајно посакуваа триумф на нашата тенисерка.

Станува збор за турнир со награден фонд од 60.000 долари, а освен во сингл, Лина игра и во двојки, во тандем со Романката Кристина Дину.

- Оглас -

Најнови вести