Линекер жестоко ја критикува идејата за мечевите да траат пократко од 90 минути (Фото)

Англиската фудбалска легенда Гери Линекер, кој сега е аналитичар, жестоко ја критикуваше изјавата на првиот човек на Суперлигата, Флорентино Перес, дека треба да се размисли за кратење на фудбалските мечеви.

„Треба да анализираме зошто 40 проценти од младите на возраст од 16 до 24 години не се интересираат за фудбал. Според нив, еден меч трае предолго. На младите не им е интересно да гледаат цел меч, што значи дека или треба да направиме да им биде поинтересно или да ги скратиме натпреварите“, рече Перес.

Линекер му одговори жестоко: „Супер идеја. Ајде нека се игра пет минути, па 45 минути полувреме за реклами. Човеков е…“, порача Линекер со додавање на емотикон на човече кое повраќа.

Линекер упати порака и со Барселона, клуб за кој играше три сезони.

„Ајде Барселона, ти си подобра од ова. Ова не ти е својствено. Ти велиш дека си повеќе од клуб, докажи дека тоа е вистина“, напиша Линекер.

- Оглас -

Најнови вести