Лино Червар и вардаровите миленици добија топло добредојде (фото)

Во пресрет на најважниот натпревар на македонската ракометна селекција, нашите репрезентативци одвоија малку време да ги пречекаат Хрватите, кои денес пристигнаа во Грац. Средбата во хотелот „Хилтон“ беше топло добредојде за вардаровите миленици Игор Карачиќ и Лука Циндриќ, како и за поранешниот селектор и тренер на Металург, Лино Червар.

Червар размени по некој збор со своите поранешни играчи Кузмановски и Талески кои ги тренираше во Металург, најверојатно им даде и по некој совет како да одиграат вечерва против домаќинот Австрија. Доколку Македонија вечерва слави против австрискиот состав, Коцкесите ќе им бидат противници во втората фаза од континенталниот шампионат.

Дуелот Македонија – Австрија е закажан во 18:15 часот.

   

- Оглас -

Најнови вести