Лино Червар поднесе оставка!

Шокантниот пораз на Хрватска од Аргентина на Светското првенство е причина за оставка на селекторот Лино Червар. По поразот од Аргентина, Коцкестите се на работ од елиминација од Мундијалот, а Червар вели дека е време за нов предводник на националниот тим.

„Изненаден сум како лошо одигравме. Ја превземам одговорноста, а на челниците на федерацијата им порачувам дека е време да бараат нов селектор. Цели 20 години се создаваше оваа репрезентација да се бори, а сега ништо од тоа немаше. Многу сум разочаран. Нека биде ова поука за сите оние кои доаѓаат. Јас ќе дадам поддршка за новиот селектор и на репрезентацијата, но вакви работи не смеат да се случуваат“, рече Червар по неочекуваниот пораз на Хрватска од Аргентина.

 

- Оглас -

Најнови вести