Лион го победи Арсенал во Лондон, Топчиите го загубија и Лаказет (Видео)

Лион со пресврт во второто полувреме го победи Арсенал во Лондон и го освои Купот Емирати. Ова е меч кој Арсенал традиционално го организира пред почетокот на сезоната. Обамејанг погоди за 1:0 во 35-тата минута, но Лион во вториот дел направи целосен пресврт.

Најпрво Дембеле даде гол за 1:1 во 66-тата минута, а девет минути подоцна истиот играч погоди за 2:1, што беше доволно за освојување на трофејот.

https://youtu.be/erEx58TIBs4

Дополнителен малер за Арсенал е тоа што уште во 13-тата минута се повреди Лаказет. По завршување на дуелот, Лаказет со бандажирана нога го напушти стадионот. Засега не се знае колку ќе паузира напаѓачот на Топчиите.

- Оглас -

Најнови вести