Лион и Бордо си поделија по еден бод

Лион можеше да нареди три победи во низа во францускиот шампионат, но одигра реми од 1-1 со Бордо во рамките од 12. коло.

Пред финишот на првиот дел, Оуар донесе предност за домаќините, но Корнелиус во 73-тата минута израмни за конечни 1-1. За Лион ова е трето овосезонско реми, по 12 меча се наоѓаат на четвртата позиција со 21 бода, додека Бордо веќе три меча не знае за победа, па со 15 бода се на осмото место на табелата во францускиот шампионат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести