Лион лавовски се избори за ново учество во ЛШ

Лион славеше со 4-0 против Каен во 37-то коло во Лига 1 и обезбеди учество во Лигата на шампионите за следната сезона. Лавовите го потврдија третото место со освоените 69 бода, што се доволни да бидат меѓу европската елита втора година во низа.

Голеадата започна во второто полувреме преку Депај, Корне и Дембеле забија за 3-0, а холандскиот офанзивец им ги скрати маките на фудбалерите на Каен, кои воедно се борат за опстанок, но него ќе го бараат во последното коло против Бордо.

Со идентични 4-0 славеше и ПСЖ против Дижон, Лил триумфираше со 5-0 против Анжер, а седум гола се постигнаа во победата над Марсеј од 5-2 над Тулуз.

Резултати 37-мо коло Лига 1:

Лион – Каен 4-0

ПСЖ – Дижон 4-0

Лил – Анжер 5-0

Бордо – Реим 0-1

Гингам – Нимс 2-2

Монако – Амиен 2-0

Монпелје – Нант 1-1

Сент Етјен – Ница 3-0

Стразбур – Рен 0-2

Тулуз – Марсеј 2-5

- Оглас -

Најнови вести